GlobalHR™ е првото професионално и специјализирано издание за информации, образование, поделба на искуства и претставувања во областа на управување и развој на човекови ресурси во Република Македонија.
Global HR™ произлезе од потребата да се соберат и споделат информациите, знаењата и искуствата во областа на човековите ресурси и истите да бидат достапни на сите професионалци кои во текот на своето работење го имаат човекот како најзначаен и незаменлив ресурс.
Идеата на Global HR™ е поврзана со основните начела на менаџментот и развојот на човековите ресурси, а тоа е дека луѓето се основни двигатели на дејствие и акција. Според Global HR™ основни организациски вредности се знаењето, проактивноста и успехот кои ги поседува единствено човекот како ресурс.
Целна група се:
* Професионалци кои се занимаваат со управување и развој на човекови ресурси;
* Претприемачи и менаџери на компании;
* Вработени и клиенти на агенции за посредување при вработување и привремено вработување;
* Вработени и студенти на образовни институции во формален сектор;
* Слушатели, обучувачи и консултанти во центри за обуки;
* Центри за кариера;
* Индивидуалци кои работат на личен развој и кариера.
Ние сме отворени за активна соработка со сите асоцијациии на професионалци кои работат во оваа област. Работиме на следење на трендовите во областа на управување со човековите ресурси во регионот и светот.
Ги пренесуваме исуствата стекнати на меѓународни настани и конференции на глобално ниво. Отворени сме за добивање на извештаи за споделување на искуствата на сите професионалци од Македонија.
Континуирано работиме на развивање на македонскиот портал за човекови ресурси како електронска верзија на месечникот.
Specialties
human resources, magazine, informal education